Американската компанија PepsiCo ќе започне акцелераторска програма со којашто ќе им помага на стартапите од САД, пишува CNN. Програмата ќе биде наменета за стартапи коишто се во бизнисот со храна и пијалок и ќе има за цел да ги научи како да си го осигураат своето место на врвот.

Nutrition Greenhouse ќе трае шест месеци, а преку неа 10 стартапи ќе добијат по 20.000 долари како и ментор од Pepsi. Менторите ќе ја понудат својата експертиза во делот на стратегијата, развој на производи, собирање на финансиски средства, управување со синџирот на снабдување и друго. На крајот на програмата победникот ќе добие дополнителни 100.000 долари.

Pepsi лани започна акцелераторска програма со истото име во Европа, а грантови добија осум компании. Оваа година компанијата ќе помогне на 10 стартапи.

Фото: PepsiCo