Фото: Pexels

Како би изгледало кога секое утро сите среќни и задоволни одвај чекаат да дојдат на работа? A сето тоа се должи на позитивната атмосфера и одличното работно опкружување.

Во продолжение дознајте што води кон работното задоволство.

Секојдневна соработка

Истражувањата покажуваат дека состаноците понекогаш може да бидат контрапродуктивни, но тоа е така бидејќи на таквите состаноци најчесто недостасуваат јасност и цели. Затоа утврдете ги тематските точки за секој состанок, држете се до нив и бидете јасни.

Флексибилен распоред

Работата нема да трпи ако некој задоцни или порано си замине од работа. Сосема е во ред е да им дозволите на ранобудниците да доаѓаат на работа во 7 часот сабајле, или пак на другите кои се продуктивни веднаш после станувањето да доаѓаат во 9.

Добра организација

Покрај задолжителните состаноци, вработените треба да си го организираат работното време како им одговара. Некој разговара со клиентите претпладне, штом стигне на работа, а подоцна се посветува на работните задачи.

Здрави “грицки“ и пијалоци

Да се има полн фрижидер на работа и не е баш честа појава. Тоа не е ништо комликувано, а е прилично убаво кога некој се грижи за своите вработени. Кога “грицките“ се здрави и работата оди многу подобро. Многу студии покажуваат дека на луѓето им се потребни регуларни ужини и кога наместо слатки и брза храна, јадат здрави намирници, работат побрзо и подобро.

Задолжителни прослави

Покрај регуларните прослави какви што се новогодишните празници и родендени, тимот треба да се собере барем еднаш месечно после напорна работа. Поводот може да биде различен. Можете да го наградите работникот на месецот или вработениот кој најмногу пати ја посетил салата за вежбање. Бидете креативни.