Турските компании Anadolu Group, BMC, Kok Group, Turkcell и Zorlu Holding се здружија во Турска автомобилска иницијативна група, која треба да го направи првиот турски автомобил, пишува Hurriyet Daily News.

Секоја од компаниите има удел од по 19% во проектот, а преостанатите 5% ќе бидат во сопственост на Сојузот на стопански комори и стокови берзи на Турција.

Мехмет Гурчан Каракаш, еден од водечките менаџери во технолошкиот гигант Bosh, кој воедно е и успешен турски менаџер на глобалниот пазар на автомобили е именуван за извршен директор на Турска автомобилска иницијативна група.

Идејата и првото заедничко вложување за производство на првиот турски автомобил започна уште во ноември минатата година. Прототипот на возилото се очекува да биде комплетиран следната година, а масовното производство да отпочне во 2020 или 2021 година. Вкупната инвестиција од идеја до реализација ќе чини околу 3 милијарди долари.

Иако Турција е главен прозводител за автомобилските гиганти, таа сè уште нема свој домашен автомобилски бренд. Најголемиот дел од возилата што се произведуваат во Турција се пласираат на европскиот пазар.

Фото: Pixabay