Фото: Pexels

Што да направите ако вашите вработени немаат мотивација, а бизнисот полека тоне?

Посветеност на минимум

Ако сакате да успеете како бизнис, треба да ги надминувате очекувањата – не само да ги исполнувате, а и вашите вработени треба да се стремат кон таа цел. Доколку забележите дека почнуваат да го задоволуваат само минимумот, мотивирајте ги. Ваше е да одлучите како ќе го направите тоа.

Часовник

Не е важно колку е интересна работата, речиси сите се среќни за паузите за ручек и за напуштање на работното место на крајот на денот. Но, доколку некој постојано гледа во часовникот и почнува да ги брои минутите кога треба да си оди, треба да се реагира. Побарајте средба со него/неа и обидете се да го решите проблемот во четири очи.

Недостаток на нови идеи/повратни информации

Ангажираните, среќни вработени даваат се` од себе да ги завршат обврските уште подобро. Слободно презентираат нови идеи и не се плашат од превземање на ризици. Затоа охрабрете ги да бидат креативни и задолжително давајте им повратни информации.

Тајност/недостаток на транспарентност

Еден од најдобрите начини да се изгради доверба во тимот е да се покаже транспарентност и да нема тајни. Доколку го направите тоа како лидер и вашите вработени, најверојатно, ќе го следат примерот.

Визуелни знаци

Визуелните знаци се важни за забележување, бидејќи многу работници намерно ја маскираат својата несреќа за да избегнат конфликт. Внимателно проследете ги сите промени во однесувањето.Понекогаш и премногу позитивен дух е затскривање на вистинското расположение. Ако забележите дека некој вработен се обидува да го скрие незадоволството реагирајте што е можно побрзо, за да избегнете поголеми проблеми.