PLEI Smart Quickstarter е кожен паричник којшто има една преграда за сите картички, готовина и монети. Паричникот ги собира сите предмети заедно со цел на корисникот да му заштеди време кога треба да плати.

PLEI има дополнителна преграда за картичка така што сопственикот не мора да го отвора паричникот кога треба да плаќа со неа.

Паричникот е со минималистички дизајн и направен е од високо квалитетна кожа. Доаѓа во 6 бои и тоа: црна, црвена, зелена, светло кафена, розова и сина.

Производот е дело на стартап со седиште во Лондон, Велика Британија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 8.755 долари од потребните 658 долари, а кампањата трае уште 17 часа.

Првите испораки се очекува да бидат во септември годинава.