Фото: Pixabay

Бројот на турските милионери се зголеми од 138.980 на 156.866 во последните пет месеци, откако турската лира падна на рекордно ниско ниво, се вели во извештајот на Агенцијата за регулатива и супервизија на банките, а пренесува Hurriyet daily News.

Турските милионери имаат приближно 214 милијарди на сметка, или во просек, еден турски милионер има повеќе од 1,2 милиони долари.

Според податоците околу 141.753 од турските милионери живеат во Турција, додека останатите се наоѓаат во странство.

Милионерите во Турција имаат околу 91 милијарда долари во турската лира, како и еквивалент од 101 милијарда долари во девизи.

Турските милионери во странство, од друга страна, имаат околу 1,6 милијарди долари во турска лира и повеќе од 18,3 милијарди долари во странска валута.

Годишната инфлација во Турција се зголеми за повеќе од 15% во јуни и тоа за прв пат во скоро една и пол деценија, се вели во официјалните податоци објавени на почетокот на јули.

Овие податоци извршија и дополнителен притисок врз лирата, која изгуби речиси 20% од својата вредност во однос на доларот оваа година.