Познатиот вкус на неодоливиот шампањ се соочува со сериозни предизвици, кои вклучуваат и негово целосно исчезнување, пишува InHabitat. Сезонските промени во температурите кои од година в година стануваат се поекстремни влијаат врз производството на грозје во регионите ширум светот, а тоа го вклучува и познатиот регион Шампањ во Франција.

Грозјето од кое се прави шампањ зависи од студена клима и варовничка почва, со цел да се произведе остриот, овошен вкус по кој е познат овој пијалок, меѓутоа климатските промени ги прават овие фактори понесигурни, а производителите на шампањ во Франција со право се загрижени.

Антоан Малазан, ко-сопственик на компанијата за шампањ, A.R. Lenoble, објаснува дека поради климатските промени и грозјето стасува порано отколку пред 20 години, но поради топлите денови зрелоста на зрното резултира со пониска киселост, што значи и помалку свежина во вината. Киселоста од своја страна е она што му овозможува на шампањ да старее, создавајќи уникатен вкус на виното.

Заради тоа оваа винарија почнала да интервенира во вкусот со мешање на резервни вина од постарите винарии. Други, пак производители експериментираат со ДНК анализа на квасецот и употреба на биодинамичко лозарство обидувајќи се да ги намалат влијанијата на климатските промени.

И покрај потенцијалните предизвици со кои се соочуваат производителите на шампањ, тие сепак се оптимисти. Како што велат, ги измисливме меурчињата за да направиме незрело грозје, така што “ако иднината премногу се загрее“ ќе најдеме начин да се прилагодиме на климатските промени, како што впрочем правиме стотици години наназад.

Фото: Pixabay