Фото: Pixabay

Hello Kitty, чијшто лик веќе 45 години е присутен на светската сцена, ќе се појави и во холивудски филм, пишува BBC.

Популарното слатко маче го има на различни производи, од пижами до моливи, во забавни паркови и кафетерии, а се појави и на експресен воз.

Sanrio, јапонската компанија којашто го менаџира цртаниот лик, склучи договор со New Line Cinema, дел од Warner Bros, по петгодишни преговори.

Сценариото ќе биде дополнително направено, а за таа цел уште веднаш ќе почнат да се “регрутираат“ креативци. Филмот ќе биде направен од страна на Flynn Picture Company. Продукцијата ќе биде на New Line Cinema, од каде што излегоа мегапопуларните Hobbit и трилогијата Lord of the Rings.

Брендираните производи на Hello Kitty се продаваат во 130 земји во светот и генерираат милијарди долари.

Самиот карактер се идентификува британски “роден во лондонско предградие“. Ова е поради фактот што кога истиот е креиран, во 70-те години од минатиот век, во Јапонија била популарна британската култура.