Фото: Pexels

Цените во земјоделството во октомври оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 9,4%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се зголемени за 10%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) бележат пораст од 1,1%.

Во делот аутпут, во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, цените на растителното производство се зголемени за 3%, а кај цените на добиточното производство порастот е 4%.