Фото: Pixabay

Трошоците на живот во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, додека кај цените на мало има пораст од 0,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 4,3%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,8%, замрзнатото овошје за 1,1%, другите прехранбени производи за 0,8%, рибата и морските плодови за 0,7%, трбушките, јогуртот за 0,5%, конзервираното овошје за 0,4%, лебот и житата и алкохолните пијалаци за 0,2%.

Во октомври 2018 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 6,6%, течните горива за домаќинствата за 6%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4,4%, обувките, услугите за сместување за 2,7%, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1,4%, туристичките пакет-аранжмани за 1,1%, лековите за 0,8%, облеката за 0,7%, цврстите горива за 0,5%, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,4%, услугите за култура за 0,3%, другите медицински производи, информатичката опрема, накитот и часовниците за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 6%, сувото овошје и јаткастите производи за 3,5%, маслото и маснотиите за 1,8%, другите преработки од месо за 0,5%, месото, сирењето и урдата за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај средствата за чистење и одржување на станот за 1,4%, телефон и телефакс-опремата за 1,3%, авионскиот превоз на патници за 1,1%, парамедицинските услуги за 0,9%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, домашните миленици и сродни производи за 0,4% и големите електрични апарати за домаќинствата за 0,3%.

Трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, забележаа пораст од 1,5%, а цените на мало забележа пораст за 2,7 %.