Портрет изработен со користење на вештачка интелигенција се продаде на аукција во аукциската куќа Christie’s во Њујорк по цена од  432.500 долари.

Вредноста на уметничката слика беше процената помеѓу 7.000 и 10.000 долари. Ова е прво дело од ваков тип продадено на аукција, пишува  Designboom.

Сликата е наречена Портрет од Едмонд Белами, а е креирана од страна на уметничкото студио Оbvious со седиште во Париз, Франција. Делото беше изработено со помош на алгоритам и збир на податоци од 15.000 портрети напревени помеѓу 14-от и 20-от век.

За потребите на уметничкото дело користени се мастило, бело блатно и алгоритам со вештачка интелигенција, а истото е потпишано со математичка равенка.

Фото: Оbvious