Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2019 година вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 694 462 МWh електрична енергија, 11.810 мил. nm3 природен гас, 585.641 тон јаглен и 81.634 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 67,7% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,1% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.