Стопанска Банка Битола на своите корисинци им нуди денарски ненаменски потрошувачки кредит со ризико осигурување – до 1.200.000,00 денари без жиранти.

Пакетот се состои од 6 производи: кредит, кредитна картичка, дозволен лимит по ТРС, специјален лимит поврзан со МастерДебит, СМС известување и електронско банкарство.

Дозволено е пречекорување по трансакциска сметка + специјален лимит на MasterCard Debit – до 5 (пет) плати. Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот.

Трошокот за аплицирање на кредитот изнесува 500,00 денари, додека провизија за одобрен кредит е 1% на одобрениот износ.

Потрошувачкиот кредит е со рок на враќање до 95 месеци.