Од 7-ми до 10-ти ноември во хотелот Мериот-Скопје, меѓународната невладина организација Македонија2025 по седми пат ќе го организира годишниот Самит Македонија2025 – динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.

На настанот ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Меѓу говорниците на Самитот Македонија2025 ќе бидат: Кевин Мурнејн – Професор на Келог школата за менаџмент, САД; Гасан Хасбани – Заменик-премиер и Министер за здравство на Либија; Ентони Б. Ким – Менаџер за истражување и уредник на индексот за економска слобода во The Heritage Foundation, САД; д-р Џорди Серано Понс – Основач и Главен извршен директор на Universal Doctor, Швајцарија, Јаир Енгел – Основач и Директор на Kayama – Центар за одржлив дизајн, Израел; Кетрин Константинидес – светски познат филантроп, активистка и претприемач од Јужна Африка и многу други.

Годинава за првпат организаторите најавуваат тридневна програма, исполнета со над 10 тематски дискусии и 4 break-out сесии, кои ќе покријат широк спектар на теми како светски економски трендови, регионални инвестиции, лидерство, претприемништво.

Ќе се зборува и за дигиталната трансформација, примената на последните технологии во медицината, како и за произдводството на медицински канабис во Македонија. Посебен акцент ќе биде ставен на филантропијата и возвраќањето кон татковината, преку Добротворната гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, прославувајќи десет години од формирањето на организацијата и седум години од Самитот Македонија2025.

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30-ти септември со поволности за мали и средни компании. Доцната регистрација започнува веќе од 1-ви октомври 2018.

Повеќе информации и регистрирање на следниов линк www.mk2025summit.com.