Фото: Pixabay

Во ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, на месечно ниво се повисоки за 0,2%, а се пониски за 0,9% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2018, во споредба со октомври 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,2%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4%.

Во ноември 2018, во споредба со ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,1%.