Многумина, честопати, не умеат да ги разграничат поимите продуктивност и зафатеност.

Ако сме зафатени со многу работа не значи и дека сме продуктивни. Продуктивноста се поврзува со ефикасно завршување на обврските, додека зафатеноста може и да не резултира со решение.

За да бидеме продуктивни не мора да бидеме многу зафатени. Доволно е да го најдеме вистинскиот начин за работата да не биде залудна.

Еве како:

Треба да знаете што е во моментот важно и потребно, а што може да почека.

Имплементирајте организациска стратегија, онаква каква што вам ќе ви одговара. Мала подготовка за следниот ден.

Елиминирајте се што ви пречи во извршување на обврските (мејлови, пораки, социјални медиуми…)

Не грижете се ако работите не се совршени.

Одговарајте потврдно само на тие барања што имаат некаква цел. 

Бидете подготвени да се откажете од некои работи. 

Потрудете се да бидете опкружени со продуктивни луѓе.

Фото:Pixabay