Град Скопје и Стопанска банка АД – Скопје денеска ги промовираа 5-те станици за поправка на велосипеди кои ќе им овозможат на велосипедистите до колку имаат потреба да извршат мали интервенции на своите велосипеди, стои во официјалното соопштение.

Локациите на сервисните станици се внимателно одбрани за да бидат на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24 часовен видео надзор, со цел да се заштитат станиците од намерно предизвикани штети.

Сервисните станици за велосипеди се поставени на овие 5 локации:

  1. БС Mакпетрол бул. Партизански одреди (кај раскрсницата со бул. 8-ми септември),
  2. БС Макпетрол кај транспортниот центар,
  3. БС Макпетрол на излезот на Скопје кај Автокоманда,
  4. БС Окта на бул. Србија и
  5. пред Инфо центарот на Град Скопје во Градскиот парк.

Досега се поставени над 1.800 столпчиња, обезбедени се  2.700 метри простор за слободно движење на пешаците и велосипедистите.

Присутните имаа можност преку практичен пример да видат како се користат овие станици.