Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 105.3.

Од ДЗС велат дека ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (17,3 %), Информации и комуникации (14,6 %) и Преработувачка индустрија (12,7 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13,2 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (8,8 %) и Информации и комуникации (8,7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2018 изнесува 34.764 денари.