Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 103.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (14,5 %), Преработувачка индустрија (10,7 %) и Информации и комуникации  (10,5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (26,4 %), Транспорт и складирање (11,7 %) и Рударство и вадење на камен (9,9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23.158 денари.