Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија организираше крводарителска акција.

Во акцијата се вклучија менаџментот и вработените во Комисијата, претставници на Македонската берза АД Скопје, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Еуростандард Банка АД Скопје, Инвестброкер АД Скопје, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ.

Главна цел  е преку  дарување крв да се спасат човечки животи , како и да се подигне свеста дека сите кои се чувствуваат здрави и имаат храбро срце треба да даруваат крв.

Новиот состав на Комисијата за хартии од вредност преку сопствената Програма за работа усвоена во јули оваа година особено го стави  акцентот Комисијата да прерасне во промотор на општествено одговорни политики. Имено, Комисијата како општествена одговорна институција во 2018 година превзема низа иницијативи во насока на: зајакнување на нејзината едукативна  функција, вложување во заедницата, како и во областа на зачувување на животната средина.

Оваа заложба, Комисијата ќе се обиде да ја пренесе, вгради и развива кај сите чинители на пазарот на хартии од вредност.