Фото: Robin Food

Далибор Матијевиќ од Бањалука, најде решение за проблемот со гладот и фрлањето вишок храна. Тој заврши Машински факултет во Марибор, по што ја создаде платформата под името Robin Food, што ги поврзува оние кои можат да понудат храна со оние на кои им е неопходна, пишува Agroklub.

Матијевиќ почнал да ја развива идејата уште во 2016 година.

“Идејата ја добив од логистичкиот центар РТС во Љубљана, кој е најголем центар од овој тип во регионот. Тие ми кажаа дека имаат отпад во вредност од неколку милиони евра годишно…Јас на крајот на 2016 година, од социјални причини, сфатив дека на луѓето им е проблем бидејќи немаат храна, па си поставив прашање зошто не би бил како Робин Худ, па да создадам некој супер јунак кој би им помагал на сиромашните. Така се случи Robin Food, па почна да се целата приказна“, вели Матијевиќ.

Апликацијата функционира така што добавувачот, кој има некаков вид на стопа на залиха, чиј рок е пред истек или е со оштетена амбалажа, се пријавува на платформата, добива потврда дека е клиент, се прават неопходните проверки, и тој ја нуди својата стока. Клиентите, како што појаснува Матијевиќ, може да се изјаснат во која држава сакаат да ги продаваат своите производи.

Robin Food ја донира храната во некои хуманитарни организации или на луѓе кои имаат потреба. Онлајн продавницата е создадена како маркет во којшто производите на полиците се барем 50% поевтини за разлика од другите продавници. Во план е и создавање на Robin Food банка, односно мрежа што ќе ги опфати сите хуманитарни организации.

Апликацијата доби и меѓународна ознака бидејќи се вклучени клиенти од Велика Британија, Ирска, Полска, Словенија, а во преговори се и со компании од Босна и Херцеговина и Македонија.