Фото: Pixabay

Швајцарската компанија ABB Group планира да изгради фабрика во Шангај, која што ќе вреди околу 150 милиони долари, а ќе го има епитетот “фабрика на иднината“, пишува CNN.

Компанијата ABB произведува индустриски роботи што може да се пренесат во други фабрики да за извршуваат различни задачи, како што е производство на автомобили, поврзување на и составување на електронски уреди или произведување на храна.

Во оваа фабрика, што би требало да биде отворена за две години, софистицирани роботи ќе произведуваат други видови на роботи. Човечките ресурси нема да бидат целосно заменети, туку таканаречените YuMi роботи ќе работат на помали задачи поврзани со составување на самите роботи. Посебен софтвер ќе овозможи луѓето и роботите да работат заедно без да наидуваат на било какви потешкотии.

Оваа швајцарска компанија има отворени фабрики за роботи во Шведска и САД.