Фото: Pixabay

Британскиот старт – ап Small robot company создаде прототип на робот под името Том, којшто би можел да се користи во земјоделството, пишува Farmers weekly.

Том, инаку е дел од семејството роботи што се дизајнирани да работат на земјоделски површини.

Овој робот може да се движи по нивата и да прави по три фотографии во една секунда и преку Android да може да ги пренесе на корисникот, кој ќе има целосен увид во обработливото земјиште.

Целта на компанијата е овие роботи да собираат најразлични податоци коишто имаат за цел да го унапредат и подобрат земјоделието, да им бидат од голема корист на земјоделците и да им помогне во обезбедување квалитетен и профитабилен принос.