shtbcoewgsieudcu0pad

Фото: IndieGoGo

rOcean One е  паметен и одржлив уред којшто точи филтрирана, минерална и вода со вкусови, само со еден допир. Производот е дело на стартап со седиште во Њујорк.

Освен со допир уредот може да се контролира и со говор преку Google Home и Alexa. Целта на rOcean е да се намали употребата на пластични шишиња и да се заштедат пари, а се поврзува со цевката за довод на вода во домот. Филтерот е со капацитет од 1.500 литри и се менува само еднаш годишно, со тоа што паметниот систем на уредот самиот кажува кога треба да се замени.

Корисникот може да си избере вода со вкус на лимон, јаболко, праска, јагода, кокос и уште многу вкусови.

Производот има своја кампања на IndieGoGo и досега има собрано 174.447 илјади долари, а кампањата трае уште 10 дена. Првите испораки се очекува да бидат во декември годинава.