Фото: IndieGoGo

Roidmi F8 е бежична правосмукалка што тежи само 1,5 килограм и е најлесната правосмукалка досега.

Нејзината батерија се полни 2,5 часа, трае 55 минути и е многу потивка за разлика од обичните правосмукалки. Поради тоа што нема кабел, таа е погодна за чистење и на автомобил, а исто така има и автоматско лед светло кое се пали во темница.

Roidmi F8 се поврзува преку апликација со паметен телефон, па корисникот може да ја провери батеријата и да добие известување кога треба ќе се испразни.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Вуси, Кина и има своја кампања на платформата IndieGoGo, досега има собрано 309.628 долари, од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште 7 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.