Во обид да го револуционизира начинот на којшто моторите се одржуваат и поправаат, Rolls Royce развива мала роботска бубачка којашто може да влезе во авионските мотори и да ги поправи. Овие мали роботи се наоружани камера и 3D скенер, со што ќе им овозможат на инженерите да ги проценат проблемите од далеку пред да постават алатки за нивно решавање, пишува Designboom

Роботите се дел од проектот на Rolls Royce за интелегентен мотор, најавен годинава. Бубачката или роботот SWARM, како што всушност се вика, е една од технологиите што се развиени да решат одредени проблеми кај моторот.

Друг робот  е FLARE, змијолик робот кој може да патува низ моторот и заедно со другите да ги поправи оштетените термални покривки. Овие мали роботи кои се долги 10 милиметри можат во живо да снимаат со мала камера за визуелен преглед.

Покрај роботи што ќе влегуваат во моторот Rolls Royce развива INSPECT робот којшто може перманентно да биде вграден во моторот. Овие термално заштитени “перископи“ имаат функција да ја надгледуваат состојбата на моторот со прибирање на податоци и известување во оперативниот центар.

Rolls Royce вели дека исто така работи на роботи коишто ќе им овозможат на локални тимови да вршат комплексни задачи. Откако ќе бидат во моторот, експерт во центарот на Rolls Royce ќе превземе контрола наместо да патува до локацијата на авион на којшто му треба одржување.

Фото: Pixabay