Фото: Pixabay

Instant Factoring, онлајн микро факторинг компанија за мали и средни претпријатија доби 1,5 милиони евра од американски инвестициски фонд, пишува Romania Insider.

Овие средства ќе ѝ помогнат на компанијата да развие микро – финансиски операции во Романија. Плановите на компанијата се поврзани и со проширување на своите активности на други пазари во регионот.

Instant Factoring на локални компании им нуди до 2.000 евра за помалку од 24 часа. За поголем износ, компаниите може да побараат индивидуална понуда.

Оваа финансиска платформа беше основана во април оваа година и веќе има финансирано околу 250 клиенти, што е околу два милиони евра.