Fintech OS старт-ап од Романија, е одбран да посетува акцелераторска програма на Microsoft во Лондон, Англија, пишува Romania Insider.

Тој е првиот романски старт-ап што се приклучува на ваков тип на програма откако помина комплексна регистрација и процес на селекција.

Како резултат на тоа платформата Fintech OS ќе биде ставена на глобалниот пазар на Microsoft, којшто е видлив за повеќе од 40.000 партнери кои ги продаваат и имплементираат програмите на технолошкиот гигант.

Стартапот исто така ќе добие и ментор кој ќе ја даде својата експертиза од областа на продажните канали, персонализираните маркетинг програми, пристап до финансиски настани, како и најновите алатки на  Microsoft.

Fintech OS планира ова шанса да ја искористи во насока на интернационален развој и пристап до пазарите на Велика Британија и САД во следните две години.

Стартапот е наменет за помагање на финансиско-банкарските институции да ја забрзаат нивната дигитална трансформација. Еден од основачите на Fintech OS е романскиот претприемач Теодор Блидарус.

Фото Facebook