Рудници Бањани донесе предлог одлука за исплата на дивиденда за 2018 година.

“Се утврдува исплата на дивиденда во висина од 42,50 денари по акција нето, односно бруто дивиденда 50 денари по акција, од добивката од 2018 година во износ од 3.031.100 денари. Остатокот од добивката од 2017 година, во износ од 486.407.000 денари останува нераспределен“, стои во предлог одлуката, објавена на Македонска берза.

Датум на пресек на акционерската книга е 30.04.2019 година, додека датум на стекнување на право на дивиденда е 24.04.2019 година. Прв ден на тргување, според дивиденден календар, е 24.04.2019 година, додека прв ден без право на дивиденда е 25.04.2019 година.