Фото: Youtube

Со свечено закотвување во Мурманск, Русија ја претстави првата пловечка нуклеарна централа, проект којшто треба да овозможи снабдување со енергија во “зафрлените“ подрачја.

Нуклеарката “Академик Ломоносов” е изградена во Санкт Петербург, е долга 144 метри, а широка 30 и содржи два реактора со капацитет од по 35 мегавати, слични на оние кои го користат ледокршачите.

Пловечката нуклеарка ќе тргне во летото 2019 од пристаништето во Мурманск (Арктичко Море) и ќе плови до Певек (Сибир), кој се наоѓа на 350 километри северно од арктичкиот круг. Таа ќе ги снабдува со струја и топлина руските бази, покривајќи потреби за енергија на околу 200.000 луѓе, а ќе врши и десоленизација на морската вода.

CGTN објави кратко видео од настанот.