Фото: Pixabay

Руски научници развија материјал што има способност да ја чисти водата од радиоактивен ураниум. Иновацијата се состои од мрежест систем со железни нано компоненти, пишува Hotgeo.ru.

Системот е во состојба да ја прочисти водата од штетни материи до 95% успешност. Експертите објаснуваат дека на еден од стадиумите на производство се добива дел од којшто може да се направи мрежестата структура, а самата структура на материјалот активно реагира со ураниум.

Материјалот овозможува отстранување на штетни материи, пропуштајќи само течност, а во системот останува седиментот.

Според научниците, процесот на филтрирање трае од три до 48 часа. Потоа може да се извлече вода, а седиментот се отстранува. Филтрирањето би требало да се врши само на собна температура. Науниците тврдат дека оваа иновација не мора да се користи само во домаќинствата, туку и во индустријата, како и при санирање на последици од некоја катастрофа.