Фото: SKYF

Skyf, старт – ап од Татарстан, Русија, со својот дрон Skyf cargo го собори гинисовиот рекорд во пренесување на товар на далечина. Беспилотното летало пренесе тежина од 100 килограми на далечина од 100 метри., пишува Skyf.

Дронот е целосно управуван преку iPad и детектира доколку имаа сообраќај во близина. Погоден е за разлилични намени вклучувајќи пренос на товар и употреба за земјоделски цели.

Првите пет Skyf дронови ќе започнат да ги прскаат полињата со пченка во Татарстан од следната година. Стартапот планира до 2020 година да произведе стотина “воздушни камиони“ за различни цели. Според тимот, цената на едночасовен лет со ваков дрон е десетпати помала од таа со хеликоптер и користи 30 литри гориво за еден час.

Досега неколку земји меѓу кои Турција, Саудиска Арабија, Виетнам, Јапонија и Шведска се заинтересирале за дроновите коишто е планирано да се продаваат по цена од 225.000 долари.