Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair откажа 30 летови, на релација Ирска-Велика Британија, откако не успеа да постигне договор со пилотите кои штрајкуваат, пишува Sky News.

Ирскиот авиопревозник го обвини синдикатот Forsa за неуспехот на преговорите, иако разговорите траеле повеќе од седум часа. Околу 27% од ирските пилоти штрајкуваат, и очекувањата се дека влијанието на штрајкот ќе биде “ограничено”, а патниците чии летови нема да се реализираат ќе бидат соодветно сместени.

Инаку Ryanair се соочува со штрајк во многу земји во кои работи. Германските пилоти се очекува да гласаат за спор околу платите и работните услови подоцна овој месец. Белгиските, португалските и шпанските кабински екипи треба да штрајкуваат на 25 и 26 јули. Италијанските “летачки“ екипи, исто така, ќе излезат на предупредувачки штрајк на 25-ти јули.

Одбивањето на Ryanair да ги признае синдикатите беше во основа на моделот кој ја трансформира малата ирска регионална авиокомпанија во најголем авиопревозник во Европа.

За првпат во својата 32-годишна историја, авиокомпанијата се согласи во декември да ги признае синдикатите. Ова беше направено со цел да се спречи скап штрајк поради грешка на рутата, којашто го принуди Ryanair да откаже летови што влијаат на над 700.000 потрошувачи.

Фото: Pixabay