Долгоочекуваната саемска манифестација МЕБЕЛ 2018 за прв пат ќе се одржи на нова локација во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски во периодот 9-14 октомври на вкупна површина од 8.000 м2.

Завршните подготовки на саемот на Мебел се во тек, веќе се поставени двете модерни, мултифункционални, енрегетско ефикасни монтажни изложбени објекти во кои, заедно со ВИП арената Борис Трајковски, ќе се одржи 44-то издание на саемот на МЕБЕЛ.

На саемот директно ќе се претстават околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови од Македонија и од регионот (Србија, Косово, Италија, Бугарија).

Во рамките на саемот, во органзиција на Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира Дебата на тема “Оригинал и копија“-  колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален. Дебатата ќе се одржи на  10.10.2018 од 12.00 до14.00 часот во Конгресниот центар на ВИП арената Борис Трајковски.

Исто така, Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер распишаа и конкурс за изработка на дизајнерски стол од дрво, повикувајќи ги младите дизајнери од Македонија да придонесат во размислувањето на индустриски дизајн од природен материјал – дрво.

Посетителите може да очекуваат дека понудата на најновите дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разновидна за сечиј вкус. Секако, и оваа година изложувачите најавуваат големи саемски попусти.

За прв пат годинава, публиката може да набави билет за Саемот на мебел преку МК тикетс и со тоа да избегне чекање ред на редовната билетара.

За полесен пристап до саемот, ЈСП Скопје ќе воведе две вонредни автобуски линии во периодот на одржување на саемот од различни краеви на Скопје кои ќе водат до ВИП Арена Борис Трајковски.

Работното време на саемот е од 10.00-20.00 часот, цената на влезницата изнесува 100 денари, а за организирани групни посети на ученици изнесува 50 денари.