Само 10% од домаќинствата во Македонија со малолетни лица имаат инсталирано софтвер за родителска контрола, покажува објавениот Извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги за резиденцијални корисници.

Повеќе од половина од испитаниците (58%) во чие домаќинство малолетните деца пристапуваат на интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден интернет. Речиси половина од оние кои моментално немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но поголемиот дел од нив не знаат каде можат да набават таков софтвер.

Минатата година бројката на испитаници кои имале инсталирано софтвер за родителска заштита изнесувал 5%, односно забележуваме двојно зголемување на бројот на корисници на ваков софтвер.

“Иако улогата на родителите не може да биде заменета во процесот на воспитување и насочување на децата како да се однесуваат во онлајн светот, сепак софтверите за родителска заштита се главната поддршка на родителите во овој процес. Тие се сигурноста на родителот дека детето нема да западне во несакан чет или разговор на социјалните медиуми, како и дека ќе биде заштитено од други луѓе кои имаат нечесни намери во онлајн просторот. Токму од овие причини, заедно со ИТ компанијата Кабтел сме општествено одговорно активни – да ја подигнеме свесноста и потребата од користење на софтвер за родителска заштита кој е достапен и во нашата земја“, вели Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

Токму еден од софтверите кој е достапен во земјава е Safe Kids. Тој е достапен на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството. Овој софтвер е произведен од страна на Меѓународната лабораторија за интернет безбедност, Kaspersky и претставува мулти-платформа која им помага на родителите да создадат и пронајдат нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.

Safe Kids помага на родителите да ги мониторираат информациите, им дава потврда за локација на кое се наоѓа детето, управување со времето поминато на уредот, како и севкупна заштита од онлајн ризиците кои демнат врз најмалите. Овој софтвер помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап само до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации кои се соодветни за нивната возраст.

Листата на локации на продажни места на Кабтел на кои можете да го набавите овој софтвер е достапна на следниот линк.