Компанијата Самсунг Електроникс го претстави Самсунг Галакси Таб С4 (Samsung Galaxy Tab S4) – новиот 2 во 1 Андроид таблет дизајниран за луѓе кои сакаат да го искористат секој миг и да завршат повеќе работни обврски без разлика на тоа каде се наоѓаат – во домот, на работа, или на било која друга локација. Самсунг Галакси Таб С4 овозможува корисничко искуство кое помага при попаметно работење, одржувајќи го работниот перформанс на највисоко ниво. Со модерен дизајн, извонреден екран, четири звучници и подобрени функции за забава, Самсунг Галакси Таб С4 е совршен уред за оние кои имаат потреба од пренослив уред – таблет со можности и карактеристики како компјутер.

Со Галакси Таб С4, Самсунг за прв пат овозможува користење на Самсунг ДеЕИкс (Samsung DeX) со таблет. Новиот Галакси Таб С4 овозможува користење на Самсунг ДеЕИкс со поврзување на “Book Cover Keyboard“ тастатурата во облик на футрола (во продажба поединечно) или со лансирање преку панелот за брз пристап (Quick Panel), притоа овозможувајќи им на корисниците да одберат Андроид изглед или десктоп искуство. Со помош на Самсунг ДеЕИкс, можете да отворите повеќе апликации кои наликуваат на оние на персоналните компјутери, вклучувајќи ги и Андроид апликациите и Мајкрософт Офис (Microsoft Office) пакетот, директно на Галакси Таб С4.

По потреба овие прозори исто така може и да се намалат или зголемат, а содржината можете да ја повлекувате и “пуштате“ (drag&drop) од една на друга апликација, а воедно, можете да користите и кратенки и команди преку тастатура. Доколку е потебен поголем екран, постои можност новиот Галакси Таб С4 преку Самсунг ДеЕИкс да се поврзе со надворешен екран со користење на компатибилен “HDMI“ кабел со УСБ-Ц адаптер со повеќе влезови.

Повеќе информации за Галакси Таб С4 тука.

Компанијата исто така го претстави Самсунг Галакси Таб А 10.5“ (Samsung Galaxy Tab A 10.5“), нов таблет кој нуди забава за целото семејство, без разлика дали сте во домот или пак во движење. Вклучувајќи нови забавни можности за целото семејство и подобрени аудио и видео карактеристики, Галакси Таб А 10.5“ е идеален за уживање во омилениот филм или ТВ шоу во домот или додека патувате. Без разлика дали одмарате на вашиот лежај, или уживате во долгото патување со семејството, новиот Галакси Таб А 10.5“ може да ве забавува вас и вашите деца со часови. Воедно, со дополнителните функции за поврзување, како “SmartThings“, управувањето со вашиот дом сега е поедноставно од претходно.

Самсунг Галакси Таб 10.5“ им овозможува на родителите контрола при управувањето со содржините и времето на користење преку режимот за деца – Kids Mode, таблет интерфејсот на Самсунг кој е безбеден за деца и е дизајниран со цел да ги направи учењето и забавата поедноставни, побезбедни и поинтересни. Овој режим вклучува пребарувач за деца (Kids Browser), Галакси Апликации за деца (Galaxy Apps for Kids) и осум бесплатни детски апликации од омилените брендови на семејствата, вклучувајќи ги “Toca Hair Salon 3“ и “BRIO World – Railway“. Семејствата може да користат и режим за повеќе корисници (Multi User Mode) за да креираат повеќе кориснички профили на Галакси Таб А 10.5“, на пример, посебен кориснички профил за дете и одделни профили за родителите – за поголема функционалност на еден таблет.

Повеќе информации за Самсунг Галакси Таб А 10.5“ тука.