Компанијата Samsung Electronics ги најави најновите членови на Galaxy J серијата – Samsung Galaxy J6+и Galaxy J4+. Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот Galaxy Ј4+ модел од почетокот на октомври во една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.

Паметните телефони се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на Galaxy Ј серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, Galaxy Ј6+ и Ј4+ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив. Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ “бесконечен“ екран од 6.0 инчи, карактеристичен за премиум Галакси паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата “Поделен Екран“.

Тие исто така имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека Galaxy Ј6+ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.

Двата нови Galaxy Ј модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата.Со двојна камера од 13MP и 5MP,  Galaxy Ј6+ овозможува креирање на фотографии со природен “бокех“ ефект, асо функцијата “Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.

Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги  Galaxy Ј6+ и Ј4+ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.

Покрај својот премиум дизајн, телефоните нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.

Двата уреди имаат интегрирана “Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300 mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните Ј модели, Galaxy J6+ и J4+ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците.Уредите истотака имаат и режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошење на батеријата.

Galaxy J6+ има3 GB RAM меморија и е достапенсо меморија – од 32 GB, додека Galaxy J4+ има 2 GB RAM и е достапенсо меморија од 16 GB.Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512 GB со микро СД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.

Galaxy Ј4+ во Македонија ќе биде достапен во сите три бои во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун и Сетек, додека во продажните салони на ВИП, сите заинтересирани ќе можат да одберат Galaxy Ј4+ модел во црна или златна боја.