Со цел зајакнување на своите способности за вештачката интелигенција, компанијата Samsung Electronics отвори нов истражувачки центар за вештачка интелигенција во Њујорк, САД,, лоциран во областа Челзи.

Со новоотворениот Центар за вештачка интелигенција во Њујорк предводи Даниел Д. Ли извршен потпретседател на Дивизијата на Samsung за истражување и развој и глобален еминентен експерт за роботиката со вештачка интелигенција. Во соработка со водечкиот експерт за технологија за вештачка интелигенција базира на на невронски мрежи -Х. Себастијан Сеунг, извршен потпретседател на Научниот центар за истражување и развој, Центарот за вештачка интелигенција во Њујорк ќе работи на напредно истражување за вештачката интелигенција за роботиката. Како главен истражувач во Samsung Electronics  Сеунг исто така ќе ја советува компанијата за напредни истражувања во оваа област, во идните развојни можности за раст на бизнисот.

Компанијата ги претстави своите плановите за проширување на напредните можности за истражување на вештачката интелигенција преку вработување на околу 1.000 специјалисти до 2020 година. Ова ќе биде шестиот центар за вештачка интелигенција на Samsung во светот и ќе работи во партнерство со останатите истражувачки капацитети на компанијата што се наоѓаат во Кореја, Велика Британија, Канада, Русија и во Силиконската долина, САД.

Глобалните центри за вештачка интелигенција ќе придонесат кон истражувањата на компанијата за овој вид на интелигенција, користејќи ги предностите на регионите во кои се наоѓаат, а се очекува Samsung да ги прошири своите центри за вештачка интелигенција и на други локации богати со таленти и технологија, со што ќе ја зацврсти својата позиција како лидер во истражувањето на вештачката интелигенција во индустријата.

За повеќе детали за “Samsung Research“ посетете ја официјалната веб-страница