Јужнокорејскиот гигант во ИТ секторот, Samsung, најави дека до 2020 година сите свои канцеларии, згради и фабрики во САД, Европа и Кина ќе се напојуваат исклучиво од обновливи извори на енергија, пишува ABC News. Ова е само продолжување на пошироката иицијатива на Samsung за имаплементација на еколошки принципи, енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови.

После 2020 година целта на Samsung на среден рок е дополнително да го шири користењето на обновливи извори и во остатокот на светот. Така, компанијата на својот домашен терен, Јужна Кореја, веќе се обврза да помогне во остварување на државната цел – зголемено користење на обновливите извори за 20% до 2030 година. Во таа насока Samsung ќе инсталира соларни панели со површина од 42.000 м2 во своето седиште и додатни 21.000 м2 во своите два кампуса во таа земја.

Исто така, Samsung ќе инсистира и од своите 100 најголеми добавувачи да имплентираат планови за користење енергија од обновливи извори.

Само за потсетување, слични иницијативи веќе најавија и од други технолошки гиганти, како што се  Apple, Google, Microsoft и др.

Фото: Pixabay

Фото: Facebook