Фото: Pixabay

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија за април изнесувал 19,3%, што претставува зголемување од 0,2% во однос на март 2018, но и 2,4% пораст во однос на април минатата година, наведено е во соопштението на Државниот завод за статистика.

Што се однесува до состојбата на обезбеденоста на производството на порачки таа останува речиси непроменета за последните два споредбени месеци, додека очекувањата за обемот на производство во наредните месеци се со позитивни прогнози. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство имаат недостигот на квалификувана работна сила (21,7%), недоволната домашна (19,2%) и странска (18,5%) побарувачка, како и неизвесното економско опкружување (10,3%).

Сепак, оценката за економската состојба на деловните субјекти е поповолна и во однос на март годинава, и во однос на април 2017, па затоа се очекува и бројот на вработени да порасне.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2018 изнесува 67,3% од нормалното искористување.