Има повеќе миризби кои се достпани меѓу кои: мирис на кафе, мирис на тропско овошје, мирис на портокал, мирис на роза, мирис на океан, мирис на пеперминт итн.

Една мирисна капсула е за 30 употреби, а алармот работи со адаптер на струја, па нема потреба од полнење батерии.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Париз, Франција и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 171.613 долари од потребните 30.000 долари, а кампањата трае уште 22 дена.

Првите испораки напроизводот се очекува да бидат во ноември годинава.

Фото: Kickstarter