Фото: Pexels

Инвеститорите во добри бизнис идеи, или бизнис ангелите, поседуваат неколку заеднички карактеристики.

Доверливост

Бизнис ангелите, пред сè, се луѓе од доверба, во спротивно не би биле инвеститори во добри идеи. Секако, доверливоста е неопходна од двете страни за бизнисот да успее, а со тоа и инвестицијата на бизнис ангелот.

Умешност за носење на добри одлуки

Најдобрите бизнис ангели се оние кои умеат да донесат вистинска одлука во вистинско време. Тие ги согледуваат моменталните околности и успешно ги проценуваат шансите за успех на идејата, односно бизнисот.

Интегритет и колегијалност

Тоа се луѓе со изграден интегритет и сакаат да работат со тим којшто има потенцијал за успех. Бизнис ангелите се пронаоѓаат и во менторство и сакаат своето знаење и вештини да го споделат со стартапот во којшто вложуваат.

Пружање на поддршка

Поддршката е појдовна точка на успешната соработка со бизнис ангелите. Тие се тука да ги поддржат претприемачите да го остварат својот сон. Веруваат во нив и ги бодрат во секој чекор. Не се срамат да ги “засукаат ракавите“ и да покажат како нештата треба да се сработат.

Трпеливост

Без оваа карактеристика не е можно да се биде бизнис ангел. Многу често самиот процес од инвестиција до остварување на профит трае долго, а понекогаш и не успева. Тие не размислуваат на кратки патеки, туку ја визуелизираат голема слика и прават добра проценка што носи иднината на компанијата…

Страст за работата

Бизнис ангелите ги поддржуваат бизнисите затоа што сакаат, не затоа што мораат. Ги води желбата да помогнат, но и да научат нешто ново, да бидат дел од млад и енергичен тим и да придонесат за нешто големо.