Фото: Pixabay

И најдобрите лидери прават грешки. Еве кои се тие.

Одвлечено внимание

На лидерите кои имаат многу обврски, лесно им се одвлекува вниманието. За тоа да биде така треба да развиете стратегија со цел да се фокусирате на задачите што си ги имате зададено. Вие самите ќе одредете каква ќе биде таа.

Преиспитување на своите одлуки

Најлошата навика на сите лидери е што премногу ги преиспитуваат своите одлуки. Мора повеќе да верувате во себе. Штом веќе сте на лидерска позиција несомнено е дека имате лидерски вештини.

Затворен ум

Не го затворајте вашиот ум за нови идеи и можности, бидете отворени кон иновации. Некогаш и вашата идеја била само потенцијална можност, а сега е реалност и успешен бизнис.

Обид да се задоволат сите

Ова е замка во која запаѓа секој лидер, но троши многу време и енергија. Прифатете го фактот дека не може да ги задоволите потребите на сите и секогаш гледајте ја пошироката слика.

Грижа за грешките (пред да се случат)

Вие и секој член од вашиот тим, ќе направите грешки од време ма време. Тоа е неизбежно. Но, грижата за грешките нема да реши ништо. Уште полошо е ако се грижите непотребно. Фокусирајте се на решавање на проблемите, наместо да се занимавате со тоа како и зошто настанале или ќе настанат.

Неорганизираност

Од премногу обврски неретко се случува да не можете да фатите “крај со крај“. Иако, понекогаш е тешко да се организирате, сепак мора да одредите приоритети и да поченете оттаму. Исто така, треба да го организирате и вашиот работен простор, не дозволувајте да работите во хаос.