Фото: Kickstarter

ShieldX е софистиицирана мала кутија во којашто можат да се сместат 10 клучеви од било каков тип.

Направена е од јагледордни влакна и од хроминиран алуминиум, отпорна е на кршење и практично неуништлива. Во ShieldX има вградено и отворач за шишиња, со којшто исто така може да се отвораат и конзерви и картонски кутии.

Футролата се отвора многу лесно со помош на паричка, а за да се добие посакуваниот клуч треба само мало “замавнување“.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Лос Анџелес, Калифорнија.

ShieldX има своја кампања на платформата Kickstarter, а досега има собрано 56.378 долари од потребните 4.000 долари.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.