Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска Берза – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 01.07. – 30.09.2018 година.

Освен тоа банката ја нуди и можноста за бесплатно користење на E-trading апликацијата, која овозможува електронско давање на налози за тргување. Со најавување во апликацијата и креирање на кориснички профил клиентите ќе имаат можност да издаваат електронски налози до брокерите на Банката, да имаат целосен преглед на налозите, тргувањата и портфолиото, како и можност да го следат во реално време на тргувањето на Македонска берза.

Основните карактеристики на E-trading апликација се:

• високо ниво на сигурност (преку персонален дигитален сертификат);

• едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување;

• преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање;

• преглед на пазарните податоци (цена, длабочина, трансакции)

• следење на внес и извршување на налогот во реално време;

• преглед на активни налози и e-trading барања;

• следење на налогот во длабочината на пазарот

• аларми (нотификации за промените на пазарот)