Престижната награда за 2018 – World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот, ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 Јули 2018 година, на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 Јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур.

Ова големо признание за исклучителниот труд и посветеност, доаѓа во вистинско време – во пресрет на 20 годишнината на Штедилница ФУЛМ и уште повеќе ја поттикнува радоста за освоеното прво место, помеѓу 68.000 кредитни унии на 6 континенти во светот. Второто и третото место припаднаа на кредитните унии Sicredi од Бразил и AIRAC од Доминиканската Република.

“Повеќе од 30.000 граѓани во Македонија се заслужни за оваа награда, кои во изминатите близу 20 години, со нашите кредити и депозити ги реализираа нивните успешни приказни заради кои се гордеевме секојдневно“, истакна М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на штедилница ФУЛМ.

Штедилницата ФУЛМ, на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога движењето на кредитните унии, за првпат се имплементира и во Македонија од страна на проектот WOCCU финансиски поддржан од УСАИД. Штедилницата ФУЛМ во изминатите години, во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирањето и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, а особено до финансиски исклучените категории на население, особено меѓу жените и младите. Во изминатите близу 20 години, Штедилницата ФУЛМ има опслужено повеќе од 30.000 луѓе, со своите финансиски услуги – кредитирање и штедење.

ФУЛМ, своите финансиски услуги ги нуди на целата територија на Република Македонија, преку Централата во Скопје и преку своите 6 филијали: 2 филијали и шалтер во Скопје и филијали во Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.

Дознајте повеќе за Штедилница ФУЛМ на www.fulm.com.mk , или на социјалните медиуми: Facebook, Youtube, LinkedIn и Instagram.