calculator-calculation-insurance-finance-53621

Фото: Pexels

Актива е сметководствен поим што ги опфаќа сите видови на средства коишто му стојат на располагање на претпријатието при извршување на неговата основна дејност. Таа, речиси секогаш, се споменува со пасивата и претставува извор на средствата на претпријатието.

Пасива пак е противстрана, односно обратна ставка од актива при изработка на биланс.

Категории на пасивата:

  • Неподмирени долгови
  • Надоместоци за гаранции или судски одлуки
  • Финансиски долгови(не вклучувајќи надоместоци и неподмирени долгови), како соло меници и коропративни обврзници
  • Пасива и активна за тековен данок
  • Пасива за одложен данок и актива за одложен данок
  • Малцинскво учество во капитал
  • Емитуван капитал и резерви на кои имаат право сопствениците на капитал во акции од централна фирма
  • Неразработена добивка

Активата и пасивата секогаш мораат да бидат во рамнотежа т.е. вредноста на активата мора да биде еднаква со вредност на пасивата и обратно.

Категории на активата:

  • Основни средства
  • Средства на обрт
  • Губиток над големината на капиталот
  • Вонбилансна актива

Основни средства уште се нарекуваат и постојани средства или постојан имот. Тука се вбројуваат:

Неплатен впишан капитал е каптал којшто е впишан во субјектот, но во даден момент не е платен во пари или стока;

Нематеријално богатство –  вложувања во развој, концесии, патенти, лиценци и останати нематеријални права како аванси дадени за нематеријални вложувања

Недвижности, опрема и инвестициони недвижности – земјиште, градежни објекти, опрема, инвестициони недвижности и аванси дадени за недвижности, опрема.

Билошки средства и средства од култура – шуми, повеќегодишни насади, основно стадо, средства од култура и аванси дадени за биолошки средства

Долгорочни финансиски пласмани – учество во капиталот на зависни и други правни лица, дадени долгорочни кредити во земјата и странство, финансиски средства за продажба и останати долгорочни финансиски пласмани

Одложени даночни средства

Додека под средства на обрт се подразбира:

Резерви – материјал, недовршено производство, полупроизводи и незавршени услуги, готови производи и стока, постојани средства наменети за продажба, како и аванси дадени за резерва

Краткорочни побарувања – побарувања од купци во земјата и странство, дадени краткорочни кредити во земјата и странство и останати краткорочни побарувања

Краткорочни финансиски пласмани – прикажуваат кредити и позајмици, хартии од вредност и останати краткорочни пласмани со рок на доспевање, односно на продажба до една година од денот на потпишување, односно од денот на билансот

Готовина и готовински еквиваленти – данок на додадена вредност и активни временски разграничувања (АВР)