Фото: Pixabay

Овие две кратенки многу често се користат во бизнис светот, а значат: В2С – business to client и В2В – business to business. Доколку се занимавате со продажба, може да имате само два вида на клиенти – или компании или потрошувачи.

Ако производите или услугите што ги нудите ги користат други компании, во тој случај станува збор за В2В, но ако истите им ги продавате на крајните корисници, тогаш тоа е В2С.

Основни карактеристики на В2В се:

  • Компанијата како клиенти има други компании со коишто гради континуирана соработка
  • Нивната соработка се базира на непрекината и непосредна комуникација
  • Овој вид на бизнис е ориентиран кон поголема ефикасност
  • Главниот фокус е ставен на карактеристиките на производите или услугите што се нудат
  • При купување на производот, клиентот се води од повеќе елементи што ја создаваат продажбата
  • Производот или услугата остварува одредена долгорочна цела

Од друга страна, основни карактеристики на В2С се:

  • Купувачи се крајните корисници
  • Меѓусебната комуникација се базира на краткорочен однос – почнува и завршува со продажбата, односно купувањето на производот или услугата
  • Фокусот на оваа бизнис релација е задоволување на потребите на корисниците
  • Одлуката за купување на производот се темели на емоции
  • Резултатите од овој вид на продажба се брзи и непосредни