Фото: Pexels

Бесцарински продавници се малопродажни места кои се ослободени од плаќање на одредени локални или национални даноци и давачки. Кои производи можат да се продаваат без царина зависи од начинот на кој тие можат да се продаваат, како и од процесот на пресметка на давачката или враќање на истата.

Сепак, некои земји наметнуваат давачки за стоки кои биле купени без царина во друга земја или кога вредноста или количината на таквите стоки ја надмине дозволената граница. Бесцаринските продавници обично се наоѓаат во меѓународните зони на меѓународните аеродроми и поморски пристаништа, но стоки без царина можат да се купат и во самите патнички авиони и бродови.

Првата бесцаринска продавница е основана во 1947 година на аеродромот Shannon во Ирска од страна на Брендон O’Реган. Дизајнирана со цел да обезбеди услуги за транс-атлантските патници, кои обично патувале меѓу Европа и Северна Америка и чии летови запирале за гориво, таа многу брзо постигнала успех и нејзиниот пример бил прифатен ширум светот.