Централизација на капитал значи спојување или обединување на постојни самостојни капитали и создавање поголеми. Co централизацијата на капиталот ce врши сосредоточување на капиталот во помал број раце.

За разлика од концентрацијата на капиталот со која постојните капитали ce зголемуваат со капитализирање на профитот, со кој процес ce врши и зголемување на општественото богатство, централизацијата значи само поинаква распределба на веќе постојните капитали, но со тоа не ce зголемува општественото богатство.

Големите претпријатија создаваат поголема акумулација, a со тоа поголеми можности за проширена репродукција и уште побрзо да ce развиваат, па претставуваат и поголема потпора за развој
на општественото богатство.

Централизацијата на капиталот ce врши на присилен и доброволен начин. Економски посилните претпријатија во конкурентската борба ги уништуваат послабите и ги приклучуваат кон себе. Тоа е облик на
присилна централизација, проследен со банкротство. Во тој поглед голема улога играат банките.

Вториот, доброволниот начин на централизација ce огледува во договорно здружување на самостојните капитали во крупни претпријатија. Акционерските друштва ce еден од погодните облици на доброволна централизација на капиталот.

Концентрацијата и централизацијата како облици на зголемување на капиталот, од една страна, значат процес на поопштествување на капиталот, но, од друга, процес на создавање монополи и монополска структура во производството и на пазарот.